ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА НА МАРАТОН: 24-годишна натпреварувачка почина на само три километри пред целта!

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА НА МАРАТОН: 24-годишна натпреварувачка почина на само три километри пред целта!

24-годишната Рејчел Апа го загубила животот за време на Њујоршкиот маратон, откако ненадејно колабирала во Централ Парк, на само три километри пред завршувањето на трката.

Поранешната универзитетска хокеарка на трева се струполила околу 13:30 часот, додека се наоѓала на последната делница од маратонот. Луѓето кои биле во близина веднаш притрчале да ѝ помогнат, а двајца лекари од публиката наизменично се обидувале да ја реанимираат.

Медицинските екипи пристигнале на местото со дефибрилатор, по што Рејчел била пренесена во Медицинскиот центар „Маунт Синај“. Лекарите шест часа се бореле за нејзиниот живот, но во 21:40 часот била констатирана нејзината смрт.

Според изјавата на нејзиниот татко Стив, причина за смртта била рабдомиолиза – ретка здравствена состојба при која доаѓа до брзо разградување на мускулното ткиво, при што во крвотокот се ослободуваат супстанции што можат да предизвикаат сериозни компликации.

Рејчел со месеци се подготвувала за маратонот, а нејзиното учество имало и хуманитарна цел. Таа трчала за да собере средства за истражување на Паркинсоновата болест, од која во 2022 година починал нејзиниот дедо.

Последните пораки што ги испратила до татко ѝ

За време на трката, Рејчел била во контакт со својот татко преку пораки. На 18-та милја му испратила кратка порака „Ау“, а една милја подоцна повторно му напишала „Ау, ау“.

Кога стигнала до 23-та милја, му јавила дека се наоѓа на последната делница од маратонот. По таа порака, повеќе не одговорила.

Нејзината мајка Мишел ја чекала на целта и преку апликацијата за следење на натпреварувачите забележала дека движењето на нејзината ќерка запрело на 24-та милја. Таа веднаш се упатила кон локацијата и пристигнала во моментот кога медицинските екипи ја пренесувале Рејчел во болница.

Организаторите на Њујоршкиот маратон изразиле сочувство до семејството и потврдиле дека ова е првиот смртен случај поврзан со трката од 2024 година.