ПРВ.мк
Свет

Се повлекува банкнотата од 500 евра: ЕЦБ откри што ќе се случува со парите што граѓаните веќе ги чуваат!

Се повлекува банкнотата од 500 евра: ЕЦБ откри што ќе се случува со парите што граѓаните веќе ги чуваат!

Европска централна банка официјално потврди дека новата серија европски банкноти повеќе нема да го содржи апоенот од 500 евра, со што една од најпознатите банкноти постепено заминува во историјата.

Одлуката, која првично беше најавена уште во 2019 година, сега е дел од поширокиот процес на модернизација и редизајн на европските банкноти што започна во 2021 година.

Според објаснувањето на ЕЦБ, укинувањето на банкнотата од 500 евра е поврзано со борбата против перењето пари, нелегалните финансиски активности и подоброто следење на движењето на капиталот.

Иако апоенот повеќе нема да се печати во новата серија, граѓаните кои веќе поседуваат банкноти од 500 евра немаат причина за паника.

Од ЕЦБ потенцираат дека сите постоечки банкноти остануваат валидно средство за плаќање и ќе можат и понатаму нормално да се користат, без временско ограничување.

Во меѓувреме, Европа подготвува и целосно нов изглед на евробанкнотите. Процесот на редизајн официјално започнал во декември 2021 година, кога Управниот совет на ЕЦБ донел одлука да се развие нова серија евра, различна од онаа што е во употреба уште од 2002 година.

Во 2023 година биле избрани и две главни теми за новиот визуелен идентитет на европските банкноти – „Европска култура“ и „Реки и птици“.

Првата тема треба да го претставува културното наследство на Европа, додека втората е насочена кон симболиката на слободата, поврзаноста меѓу европските народи и заштитата на животната средина.

Во јули 2025 година, Европска централна банка отвори конкурс за европски графички дизајнери, кои имаа можност да достават свои предлози за новите банкноти.

Рокот за поднесување на дизајните траел до април 2026 година, а стручно жири треба да избере најмногу десет финални решенија – по пет за секоја тема.

Според најавите, конкурсот треба да заврши во јуни 2026 година, по што ќе следува и јавна анкета на која европските граѓани ќе можат да дадат свое мислење за предложените изгледи на новите банкноти.

Конечниот избор на дизајнот се очекува до крајот на 2026 година, а потоа ќе започне производството и постепеното воведување на новите евра во оптек.

Сепак, од ЕЦБ предупредуваат дека ќе поминат уште неколку години пред новите банкноти целосно да ги заменат сегашните во секојдневната употреба.

Најнови вести