ПРВ.мк
Македонија

Важно известување за патниците на скопскиот аеродром!

Важно известување за патниците на скопскиот аеродром!

Меѓународен аеродром Скопје испрати важно известување до сите патници кои во наредниот период ќе патуваат од главниот македонски аеродром.

Од денеска, 21 мај 2026 година, на аеродромот започнале градежни активности на пунктот за безбедносна проверка во терминалната зграда, што може привремено да предизвика метеж и забавување на движењето на патниците.

Од аеродромските служби предупредуваат дека поради работите е можно да има ограничувања и побавна фреквенција при минување низ безбедносната контрола, особено во периодите кога има поголем број летови и патници.

Со цел да се избегнат непријатности, доцнења или пропуштање на летови, од Меѓународен аеродром Скопје апелираат сите патници да пристигнуваат најмалку два часа пред закажаното полетување.

Надлежните служби им се заблагодарија на патниците за трпението и разбирањето додека траат активностите, нагласувајќи дека мерките се преземаат со цел подобрување на условите и функционирањето на аеродромот.

Најнови вести