ПРВ.мк
Црна Хроника

Ја убил секретарката бидејќи му рекла дека е лош љубовник: Родителите затекнале стравична сцена!

Ја убил секретарката бидејќи му рекла дека е лош љубовник: Родителите затекнале стравична сцена!

Дваесет и седумгодишната Катарина Е. е пронајдена мртва во својот стан во Котингбрун во Австрија. Нејзините родители наишле на телото, а во почетокот не било јасно што се случило. Сега е откриено: во прашање е убиство. Сторителот е пријател од Фејсбук кој, како што се наведува, „длабоко навреден ја изгубил контролата над себе“.

Откако на 14 мај во стан во Котингбрун (округ Баден) беше пронајдена мртва 27-годишна жена, Покраинската криминалистичка служба на Долна Австрија покрена истрага поради сомневање за убиство.

Жената на Спасовден ја пронашле нејзините родители. Поради нејасните околности била наредена обдукција. Таа покажала дека причина за смртта е прострелна рана во главата, потврди Штефан Пфандлер, директор на Покраинската криминалистичка служба, јавува „oe24“.

Во моментов се испитуваат околностите на случајот, а адвокатот Манфред Арбахер-Штегер сега потврди дека неговиот клиент, 27-годишен маж од Штаерска, од округот Лајбниц, е уапсен во врска со овој случај.

Мотивот, наводно, е длабока навреденост по средбата на нив двајца, кои се запознале преку Фејсбук и наводно договориле врска за една ноќ, која не поминала онака како што тој очекувал.

Пукал трипати од чист бес

Спортскиот стрелец потоа заминал дома, зел малокалибарски пиштол, со голема брзина се вратил и ја убил секретарката, бидејќи таа наводно директно му рекла дека е лош љубовник. Ниту еден од станарите во зградата не ги слушнал пукотниците.

Родителите потоа неколку дена без успех се обидувале да стапат во контакт со својата ќерка, која работела во едно основно училиште во Виена. По враќањето од одмор, на 14 мај отишле до нејзиниот стан и ја отвориле вратата со резервен клуч. Внатре ја затекнале 27-годишната девојка како лежи мртва во креветот.

Очајничките крици на родителите вознемириле повеќе соседи кои притрчале на помош, но никој повеќе не можел ништо да стори.

„Длабоко сме шокирани“, изјавила една станарка за „oe24“. „Жртвата беше исклучително љубезна и омилена. Како можеше да ѝ се случи нешто вакво?“

Во почетокот причината за смртта не можела со сигурност да биде утврдена, а според наводите на криминалистичката полиција, не била исклучена ниту можноста за пад. Поради тоа, Обвинителството во Винер Нојштат наложило обдукција.

Според прелиминарните резултати, жената починала од насилна смрт, конкретно од најмалку еден проектил во главата. Наводно, мажот од округот Лајбниц пукал дури трипати од чист бес.

Најнови вести