Во рамки на проектот „Состојбата на физичкиот фитнес, нуtriтивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите“, денес во О.О.У. „Тоде Хаџи Тефов“ се реализираше мерење на ученици од второ do шесто одделение.
Со оваа акција беа опфатени вкупно 408 ученици, од кои 30 ученици беа од О.О.У. „Гоце Делчев“.


Главни цели на проектот:
- Следење на физичкиот развој на децата во клучните години од нивниот раст.
- Навремено информирање на родителите за евентуални проблеми (како деформитети на стапалата или неухранетост/дебелина).
- Препознавање на спортските предиспозиции кај учениците со цел нивно правилно насочување.
Општина Кавадарци и понатаму останува посветена на креирање здрави навики, поддршка на младите и вложување во нивниот правилен раст и развој.








