ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВО УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА? - 37-годишна жена пронајдена со прострелна рана во главата и пиштол до неа!

НОВО УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА? - 37-годишна жена пронајдена со прострелна рана во главата и пиштол до неа!

Трагичен и мистериозен случај ја потресе јавноста откако во скопското село Копаница, во општина Сарај, било пронајдено тело на 37-годишна жена со прострелна рана во главата.

Според информациите од Основно јавно обвинителство Скопје, покрај телото бил пронајден пиштол „глок 19“, кој бил сопственост на нејзиниот сопруг.

На местото веднаш излегле јавен обвинител и екипи на СВР Скопје, кои извршиле увид и започнале истрага за целосно расчистување на случајот.

Телото на починатата, по наредба на обвинителството, било предадено на обдукција, која треба да помогне да се утврдат точните околности под кои настанала смртта.

Во овој момент сè уште не е познато дали станува збор за самоубиство или за друг вид кривично дело, а истрагата треба да даде одговор на клучните прашања.

Сопругот на жената веднаш бил приведен, а против него е поведена истражна постапка за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, бидејќи оружјето го поседувал без дозвола.

Од обвинителството информираа дека до судија на претходна постапка бил доставен предлог за определување мерка притвор, кој бил прифатен од Судот.

Во меѓувреме, Основно јавно обвинителство Скопје и СВР Скопје продолжуваат со дополнителни проверки, разговори и вештачења за целосно да се расветли случајот што предизвика големо внимание во јавноста.

Најнови вести