ПРВ.мк
Македонија

Падна сопственичката на „славните крави“: Моделка од Крива Паланка уапсена по инцидент со инспектори!

Падна сопственичката на „славните крави“: Моделка од Крива Паланка уапсена по инцидент со инспектори!

Младата сопственичка на кравите од кривопаланечкиот регион, случај што со месеци привлекува внимание во јавноста, била уапсена по инцидент со службени лица на терен.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 20 мај околу 13:25 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишиле од слобода Ј.Ѓ. (28) од Крива Паланка.

Таа била приведена откако, според пријавата, кај местото викано „Калин камен“ ги спречувала вработените од Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток.

По интервенцијата, 28-годишната жена била однесена во полициска станица, каде што бил извршен службен разговор.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Случајот со кравите од кривопаланечко подолг период беше актуелен во јавноста и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Инаку, младата жена е позната и како моделка, а во минатото има освоено неколку награди и титули на меѓународни избори за убавина.

Најнови вести