ПРВ.мк
Македонија

Откриена највисоката плата во Македонија: Неверојатни 139 милиони денари годишно, еве од која дејност доаѓа заработката

Откриена највисоката плата во Македонија: Неверојатни 139 милиони денари годишно, еве од која дејност доаѓа заработката

Неверојатни податоци за заработувачките во Македонија откри Управата за јавни приходи (УЈП). Додека најголемиот дел од граѓаните располагаат со значително пониски месечни примања, еден жител на Скопје во текот на 2025 година остварил плата која достигнува речиси 190.000 евра месечно.

Според годишната анализа на УЈП, највисоката пријавена годишна бруто-плата во земјава изнесувала дури 139,1 милион денари, што во просек претставува околу 188.482 евра месечно.

Но, она што особено привлекува внимание е дејноста во која е остварена оваа рекордна заработка.

Имено, според официјалните податоци, станува збор за скопјанец кој своите примања ги остварил во секторот „Вадење на камен јаглен“.

Со оваа заработка, лицето се најде на врвот на листата на највисоки пријавени плати во Македонија за 2025 година.

Податоците се дел од годишната анализа на Управата за јавни приходи, преку која се прикажуваат највисоките пријавени примања на граѓаните во различни стопански дејности.

Сепак, важно е да се нагласи дека објавената сума претставува бруто-заработка, односно износ пред одбивањето на даноците и придонесите, а не пари што во целост завршиле на сметката на вработениот.

Најнови вести