ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Таткo ја оставил 2-годишната ќерка во автомобил, детето добило топлотен удар и починало!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Таткo ја оставил 2-годишната ќерка во автомобил, детето добило топлотен удар и починало!

Голема трагедија го потресе Шпанија, откако двегодишно девојче починало од топлотен удар по неколку часа поминати во затворен автомобил.

Несреќата се случила во градот Брион, во северозападниот дел на земјата.

Според информациите што ги пренесуваат шпанските медиуми, таткото утрото прво го однел постарото дете на училиште, а потоа требало помалата ќерка да ја остави во градинка.

Но, по телефонски повик, наместо кон градинката, тој заминал директно на работа и, според првичните информации, заборавил дека девојчето останало во автомобилот.

Трагедијата била откриена дури околу 15 часот попладне, кога мајката дошла во градинката за да го земе детето, а таму ѝ било кажано дека девојчето воопшто не било донесено.

Во паника, родителите веднаш повикале Итна помош, по што детето било пренесено во здравствена установа во блискиот град Бертамиранс.

За жал, лекарите само ја констатирале смртта.

Полицијата отвори истрага за да се утврдат сите околности под кои се случила трагедијата, додека на семејството му била обезбедена психолошка помош.

По шокантниот случај, локалните власти во Брион прогласиле два дена жалост, а за петок е најавена и минута молк во чест на починатото девојче.

Трагедијата се случува во период кога Шпанија е погодена од силен топлотен бран, со температури кои во одредени делови од земјата достигнуваат и до 38 степени Целзиусови.

Најнови вести