Руското Министерство за одбрана објави дека украинските единици кај Покровск се опколени и дека нивната позиција брзо се влошува. Во соопштението се наведува дека единствениот начин за избегнување загуби е доброволно предавање.
Покровск, клучен стратешки град во Донецк, долго време е мета на руските напади како дел од пошироката офанзива во источна Украина. Според руските информации, нивните трупи напредуваат од повеќе насоки, користејќи мобилни единици и беспилотни летала за нарушување на украинските линии на снабдување.
Украинскиот Генералштаб не ја потврдува ситуацијата за опкружување и тврди дека во градот се водат специјални операции за спротивставување на руските напади. Од украинската страна наведуваат дека нивните единици продолжуваат да се борат за контрола над стратешки важните точки.
Контролата над Покровск е од клучно значење за логистиката на фронтот и може да даде значајна предност во понатамошните офанзиви на руските сили во источна Украина.
















