ПРВ.мк
Свет

Оваа држава ќе им плаќа на потрошувачите да ја гасат струјата кога оптоварувањето е најголемо

Оваа држава ќе им плаќа на потрошувачите да ја гасат струјата кога оптоварувањето е најголемо
Kristal

Романија воведува нов модел за управување со потрошувачката на електрична енергија, кој ќе им овозможи на компании и домаќинства да добиваат пари ако привремено ја намалат потрошувачката во периодите на најголемо оптоварување на мрежата. Целта е да се спречат прекини на струјата и да се ублажат ценовните шокови.

Според нацртот на регулативата објавен од романскиот регулатор за енергетика (ANRE), компаниите ќе бидат првите кои ќе учествуваат во овој механизам наречен „услуга за флексибилност на потрошувачката“. Подоцна, и домаќинствата ќе можат да се приклучат преку посредници – таканаречени агрегатори. Учесниците ќе добиваат надомест за секое намалување на потрошувачката договорено преку аукција еден ден однапред.

Transelectrica, операторот на преносниот систем, ќе го координира процесот и ќе го користи за балансирање на нерамнотежите во мрежата, особено во вечерните часови кога побарувачката расте, а производството од сончеви панели опаѓа – феномен познат како „duck curve“.

Според регулативата, најмалку половина од приходите од намалување на потрошувачката ќе мора да се пренесат директно на потрошувачите, така што сите страни имаат корист – и мрежата и учесниците на пазарот.

Јавната дискусија за нацртот ќе трае до 3 декември, а пазарот на флексибилност се очекува да стартува напролет 2026 година.

Escape