ПРВ.мк
Свет

Русија: Украина го одбила предлогот за прекин на огнот кај Костјантинивка

Русија: Украина го одбила предлогот за прекин на огнот кај Костјантинивка

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина го одбила предлогот за шестчасовен прекин на огнот во областа околу Костјантинивка, кој, според Москва, требало да овозможи безбедно предавање на посмртните останки на украински војници.

Според руските власти, Украина имала рок до денес да се изјасни за предлогот, но, како што тврдат, не дала согласност за привремено запирање на борбените дејствија.

Москва претходно објави дека нејзините сили ја презеле контролата врз Костјантинивка, но украинските власти ги отфрлија тие тврдења и соопштија дека градот не е под руска контрола.

Костјантинивка е еден од клучните градови во Доњецката област и подолго време е цел на руските офанзивни операции.

Тврдењата на руското Министерство за одбрана за наводното одбивање на прекинот на огнот засега не се независно потврдени, а украинските власти не објавија официјален коментар во врска со овие наводи.