Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието со коментарите за своето здравје, по извештаите и шпекулациите од демократскиот гувернер на Минесота, Тим Волц, кој посочи дека Трамп „физички слабее“ и го доведува во прашање неговиот „ментален капацитет“.
Трамп рече дека го направил скенирањето со магнетна резонанца (МРИ) во октомври и дека резултатите се „совршени“. Тој додаде дека поминал когнитивен тест со одлични оценки. „Ако сакате да ги објавам, ќе ги објавам“, изјави претседателот по враќањето од Флорида во Вашингтон.
Трамп не прецизираше кој дел од телото е скениран, но нагласи: „Тоа е само МРИ. Кој дел од телото? Не мозокот, направив когнитивен тест и го „искинав““. Медиумите во меѓувреме забележаа беж дамка на неговата десна рака за време на разговор со новинарите во авионот.
Прегледот бил дел од полугодишниот физички преглед во Медицинскиот центар „Волтер Рид“ и вклучувал напредно снимање, лабораториски тестови и превентивни здравствени проценки, но резултатите од МРИ не беа претходно објавени. Трамп веќе потврди дека претходно во април имал физички преглед, а овој октомвриски бил дополнителен.

















