ПРВ.мк
Свет

Стравична сообраќајка во Цирих: Македонец загина, откриени шокантни детали за трагичниот настан!

Стравична сообраќајка во Цирих: Македонец загина, откриени шокантни детали за трагичниот настан!
Kristal

Швајцарската јавност беше потресена викендов од тешка сообраќајна несреќа со фатални последици, која се случи во Шлиерен, кантон Цирих. Животот го загуби 39-годишен македонски државјанин, додека возачот на истиот возраст избегал од местото на настанот без да му пружи помош на тешко повредениот сопатник.

Инцидентот се случил доцна во саботата вечерта, околу 23:30 часот, а возилото – моќен СУВ „БМВ“ со над 500 коњски сили – се движело од улицата „Енгштрингерштрасе“ кон „Грабенштрасе“ со многу поголема брзина од дозволената во зона каде ограничувањето е 30 километри на час.

Полициската истрага сè уште е во тек, а настанот покренал и кривична истрага поради избегнување на сообраќајна несреќа и тешки последици. Еден човек е уапсен, додека се трага и по можната мистериозна сопатничка.

Escape