ПРВ.мк
Македонија

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ - уште еден празник носи дополнителен одмор!

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ - уште еден празник носи дополнителен одмор!
Kristal

Граѓаните во земјава ги очекува нов продолжен викенд, бидејќи до крајот на годината следува уште еден неработен ден за сите. Празникот „Св. Климент Охридски“, кој оваа година паѓа во понеделник – 8 декември, ќе им овозможи на работниците три последователни слободни дена.

Неработни денови има и за одредени заедници во државата. За граѓаните од католичка вероисповед неработен ден е 25 декември, четврток, кога се слави првиот ден на Божиќ.

Исто така, за припадниците на турската заедница 21 декември – недела, е прогласен за неработен по повод Денот на наставата на турски јазик, кој традиционално се одбележува секоја година.

Escape