ПРВ.мк
Македонија

76 работници останаа без плата, екс директорот на ЈКП „Брегалница“ кривично пријавен - сумата што ја украл е неверојатна!

76 работници останаа без плата, екс директорот на ЈКП „Брегалница“ кривично пријавен - сумата што ја украл е неверојатна!
Kristal

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против поранешниот директор С.С. од Делчево, поради сомневање за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Според истрагата, тој во периодот од декември 2023 до април 2024 година не ги почитувал одредбите од Колективниот договор за јавниот сектор и Законот за работни односи, при што 76 вработени во ЈКП „Брегалница“ не ги добиле своите законски надоместоци. Вкупната штета за работниците изнесува 266.000 денари, односно по 3.500 денари за секој вработен.

Кривичната пријава е поднесена со цел да се утврдат сите околности и евентуално да се обезбеди обесштетување на оштетените работници.

FixCredit
Atensa 300
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape