Системот РАПЕКС (RAPEX) за брза размена на информации за небезбедни производи пласирани на единствениот пазар на ЕУ издаде предупредување за неисправност на производ што родителите го користат секојдневно, како и за негово итно повлекување од продажба поради ризик од повреди.
Како што се наведува во соопштението, станува збор за прилагодлива носилка за бебиња – мултифункционална марама за завиткување на новороденчиња (преден тип на носење) изработена од памук.
Производот се повлекува од пазарот поради недостиг на упатство за употреба, што може да доведе до тоа детето да не биде правилно осигурано во носилката. Ова создава ризик од паѓање и повреди поради неправилно поставување на детето или неадекватно прилагодување на носилката.
Производот се продава онлајн, особено преку платформите ТикТок (TikTok) и Амазон (Amazon).
Податоци за производот:
- Категорија на производ: Артикли за нега на деца и опрема за деца
- Производ: Носилка за бебиња
- Име на производот: Porte-bébé réglable, écharpe enveloppante multifonctionnelle pour nouveau-né, type de portage frontal
- Бар-код: BCD25042100003263
- Земја на потекло: Народна Република Кина








