ПРВ.мк
Свет

„Ќе направи како што јас ќе му кажам!“ Трамп и Нетанјаху на раб на конфликт поради Иран – откриени детали од тензичниот разговор!

„Ќе направи како што јас ќе му кажам!“ Трамп и Нетанјаху на раб на конфликт поради Иран – откриени детали од тензичниот разговор!

Нови тензии избувнаа меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху, откако американските и светските медиуми објавија детали од нивниот наводно жесток телефонски разговор поврзан со ситуацијата околу Иран.

Според информациите што ги објави CNN, повикувајќи се на извори од „Аксиос“ и „Волстрит џурнал“, разговорот открил длабоки несогласувања меѓу Вашингтон и Тел Авив околу тоа дали треба да продолжат воените напади врз Иран или да се даде простор за дипломатско решение.

Наводно, Трамп првично му соопштил на Нетанјаху дека САД разгледуваат нови прецизни удари врз Иран како дел од операција со кодно име „Операција Чекан“. Но, ситуацијата драматично се сменила само еден ден подоцна, кога американскиот претседател одлучил да ги стопира нападите.

Според извештаите, клучна улога во оваа одлука имале Катар, Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати, кои побарале пауза за да се отвори простор за нови дипломатски разговори меѓу Вашингтон и Техеран. Во процесот, според медиумите, биле вклучени и посредници од Пакистан.

Трамп во кратка изјава рекол дека разговорите со Иран влегуваат во завршна фаза, но предупредил дека ако не се постигне договор, можно е да следуваат „непријатни потези“.

Од друга страна, Нетанјаху бил сериозно незадоволен од ваквиот пристап. Според информациите, израелскиот премиер сметал дека секое одложување му оди во прилог на Иран и дека нападите не требало да бидат прекинати.

Во текот на едночасовниот разговор тој наводно барал продолжување на операциите и му порачал на Трамп дека паузата претставува сериозна грешка.

Но, американскиот претседател останал цврст на ставот дека дипломатското решение сè уште е можно. На прашањето што му порачал на Нетанјаху, Трамп кусо изјавил:

„Тој ќе направи тоа што сакам да направи.“

Во меѓувреме, Иран потврдил дека продолжуваат индиректните контакти со САД преку посредство на Пакистан. Според иранското Министерство за надворешни работи, разговорите се водат врз основа на документ од 14 точки предложен од Техеран.

И покрај дипломатските обиди, клучните прашања поврзани со иранската нуклеарна програма и замрзнатите финансиски средства остануваат нерешени.

Трамп повторно предупредил дека воената опција и натаму е на маса и дека САД се подготвени брзо да реагираат доколку не добијат, како што рече, „вистински одговори“ од иранска страна.

Најнови вести