ПРВ.мк
Свет

„КРАЛОТ Е МРТОВ!“: Молк и неверување завладеаја по језивата објава - скандал каков што не се памети!

„КРАЛОТ Е МРТОВ!“: Молк и неверување завладеаја по језивата објава - скандал каков што не се памети!

Британската радиостаница „Радио Каролајн“ се најде во центарот на скандал откако, поради како што тврдат „компјутерска грешка“, емитуваше лажна вест дека починал кралот Чарлс Трети. Инцидентот се случил во вторникот попладне, додека кралот Чарлс Трети и кралицата Камила престојувале во официјална посета на Северна Ирска. По објавата, радиото ја прекинало програмата, а според наводите на британските медиуми, била емитувана и химната.

Менаџерот на станицата, Питер Мур, објави извинување на социјалните мрежи и објасни кое е појаснувањето за инцидентот, односно дека дошло до технички проблем во главното студио.

„Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, прилогот за смртта на монархот, кој сите станици во Велика Британија го чуваат во подготвеност надевајќи се дека никогаш нема да биде потребен, случајно беше активиран во вторникот попладне и погрешно беше објавено дека неговото величество кралот починал“, наведе Мур.

Како што пренесува британски „Скај њуз“, „Радио Каролајн“ веднаш по инцидентот ја прекинало програмата, а по повторното вклучување било емитувано официјално извинување до слушателите и до кралското семејство.

„И се извинуваме на неговото величество кралот и на нашите слушатели за евентуалната непријатност“, порача Мур.

Веста предизвика големо внимание во Британија, особено затоа што медиумските куќи во Обединетото Кралство однапред имаат подготвени протоколи и посебни прилози за случај на смрт на монархот, кои се чуваат во состојба на подготвеност.

Лажната објава за смртта на кралот Чарлс Трети брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи конфузија кај слушателите, пред радиостаницата да соопшти дека станува збор за техничка грешка.

Најнови вести