ПРВ.мк
Балкан

ТУРИСТИТЕ НА УДАР: Ако го правите ова, ви следи казна и до 500 евра!

ТУРИСТИТЕ НА УДАР: Ако го правите ова, ви следи казна и до 500 евра!

Властите во Улцињ воведуваат строги правила за однесување на туристите, а најголемо внимание предизвика одлуката со која се забранува шетање во костими за капење надвор од плажите и базените.

Според новите правила за комунален ред, секој што ќе се движи по улици, плоштади, шеталишта, паркови или други јавни површини оскудно облечен или без дел од облеката, може да добие висока парична казна која се движи од 150 до дури 500 евра.

Одлуката особено се однесува на туристичките зони и урбаните делови на градот, каде што во текот на летната сезона често може да се видат посетители кои директно од плажа се движат низ градот во костими за капење.

Градските власти објаснуваат дека мерката е донесена со цел да се зачува редот, изгледот и достоинството на градот, но и да се воведат појасни правила за однесување на јавни места.

Во официјалната одлука се наведува дека е забрането движење во костим за капење или без дел од облеката на јавни површини во урбани, приградски и туристички места на територијата на општина Улцињ, освен на плажи, капалишта и делови од брегот кои се наменети за капење.

Новите правила веќе предизвикаа бројни реакции кај туристите и локалното население, а многумина коментираат дека властите сакаат да воведат поголем ред во текот на летната сезона кога градот е преполн со посетители од целиот регион и Европа.

Секој што ќе биде фатен дека ги прекршува овие правила ризикува сериозна парична казна, а локалните власти најавуваат дека контролите ќе бидат засилени во текот на туристичката сезона.

Најнови вести