ПРВ.мк
Свет

УЗБУНА ВО ЗЕМЈА ОД ЕУ: Трет ден по ред владее паника, аларм во источниот дел на државата!

УЗБУНА ВО ЗЕМЈА ОД ЕУ: Трет ден по ред владее паника, аларм во источниот дел на државата!

Летонската војска штотуку прогласи узбуна за дронови над југоисточниот дел на земјата – трет ден по ред, пишува „Гардијан“.

Украинските дронови во повеќе наврати во изминатите месеци го нарушуваа воздушниот простор на балтичките земји, а во поединечни случаи дроновите се уриваа на територијата на земјите од НАТО.

Последниот во низата инциденти се случи во четвртокот кога неколку дронови кои дојдоа од Русија влегоа во летонскиот воздушен простор.

Дрон падна врз складиште за нафта

Еден дрон падна врз складиште за нафта во Резекне, 240 километри источно од главниот град Рига, предизвикувајќи пожар во празни резервоари за нафта.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха претходно изјави дека појавата на украински дронови во воздушниот простор на Летонија неодамна не била случајна, ниту последица на навигациска грешка, туку резултат на руското електронско попречување (ометување) насочено кон скршнување на беспилотните летала од нивните цели на територијата на Русија.

Рускиот амбасадор при Обединетите нации во вторникот изјави дека Москва има информации оти Украина планира да лансира воени дронови од Летонија и од другите балтички држави, предупредувајќи дека членството во НАТО нема да ги заштити тие земји од одмазда.

Премиерката поднесе оставка поради дроновите

Да потсетиме, премиерката на Летонија, Евика Силиња, одлучи да поднесе оставка и истовремено го суспендираше министерот за земјоделство Армандс Краузе, со образложение дека во владата не може да има „ниту сенка на сомнеж“ во работата на нејзините членови.

– Инцидентот со дроновите во Латгалија беше капката која ја прели чашата и во мојот однос, како и во довербата на јавноста кон министерот за одбрана Андрис Спрудс. Не можев да не реагирам. Ако ветеното не се исполни, мора да се донесат одлуки – рече Силиња.

Најнови вести