ПРВ.мк
Балкан

СТРОГИ МЕРКИ: Во овие четири градови ќе има забрана за продажба на алкохол навечер!

СТРОГИ МЕРКИ: Во овие четири градови ќе има забрана за продажба на алкохол навечер!

Неколку популарни туристички градови во Хрватска подготвуваат строги мерки против ноќното консумирање алкохол, откако Владата предложи измени на Законот за трговија со кои се воведуваат нови ограничувања за продажба на алкохол и енергетски пијалоци.

Според најавите, најмалку четири градови сигурно ќе воведат забрана за продажба на алкохол во вечерните и ноќните часови, додека дел од останатите локални власти сè уште размислуваат дали да го следат истиот пример.

Новите законски измени предвидуваат локалните самоуправи да добијат право самостојно да одлучуваат дали ќе ја ограничат продажбата на алкохол во одредени часови, особено во туристичките центри каде што во летниот период често има проблеми со бучава, нарушување на јавниот ред и прекумерно консумирање алкохол.

Меѓу првите градови кои најавија сигурна забрана е Сплит, каде што властите планираат продажбата на алкохол во продавници и киосци да биде забранета од 21 часот навечер до 6 часот наутро. Целта, според локалните власти, е да се намалат инцидентите и нарушувањето на редот во стариот дел на градот.

Ограничувањето нема да важи за ресторани, кафулиња и други угостителски објекти, туку само за продажба во продавници, маркети и сувенирници.

Покрај Сплит, вакви мерки веќе најавија и Задар, Макарска и Хвар. Во Макарска особено се жалат на продавниците и сувенирниците кои продаваат евтин алкохол во центарот на градот, што според нив создава проблеми во текот на туристичката сезона.

Од друга страна, Дубровник и Загреб сè уште немаат донесено конечна одлука. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, изјавил дека најпрво ќе разговара со коалициските партнери пред да се донесе било каква одлука.

Во меѓувреме, градовите Шибеник, Ровињ, Сињ и Лабин засега не планираат воведување вакви ограничувања.

Дополнително, новите измени предвидуваат и целосна забрана за продажба на енергетски пијалоци на малолетници. Со тоа, енергетските пијалоци би биле ставени во иста категорија со алкохолот и цигарите, чија продажба на лица под 18 години веќе е забранета.

Најнови вести