Јубилејното 5-то издание на Спортски Игри Велес 2026 влегува во завршна фаза на пријавување, а интересот за учество и партнерство е поголем од кога било!
Од 1 до 6 јуни, Градски парк Велес ќе биде местото каде што ќе се спојат спортот, публиката, енергијата и брендовите што сакаат да бидат дел од најголемата спортска приказна во Македонија.
Пријавите за учесници сè уште се отворени, но слободните места се пополнуваат многу брзо. Сите екипи кои сакаат да бидат дел од натпреварувањата во мал фудбал, баскет, одбојка на песок и тенис треба да побрзаат, бидејќи остануваат уште ограничен број места.
Особено голем интерес има за мал фудбал, каде годинава конкуренцијата ќе биде уште посилна. Покрај домашните екипи, најавено е и учество на интернационални натпреварувачи, меѓу кои и цел тим од Турција, што дополнително го подигнува нивото и атрактивноста на турнирот.
Годинава Спортски Игри Велес носат и награден фонд од 1.000.000 денари, што е уште една причина повеќе натпреварувачите да го обезбедат своето место навреме.
Покрај учесниците, отворени се и последните можности за спонзори, партнери и поддржувачи. Ова е шанса брендот да биде присутен пред публика од над 35.000 посетители, со силна видливост, директна поврзаност со спортската енергија и промоција во рамки на настан што веќе пет години гради сериозна препознатливост.
Местата за спонзори и партнери исто така се ограничени и се пополнуваат брзо. Компаниите кои сакаат нивниот бренд да биде дел од #НаИгрите треба да реагираат навреме.
Спортски Игри Велес 2026 не се само турнир. Ова е настан што носи публика, натпреварување, дружење, интернационална атмосфера и моменти што се паметат.
Од 1 до 6 јуни, Велес повторно ќе биде центарот на спортот. Прашањето е само едно: дали ќе бидете дел од #НаИгрите?
За пријави и повеќе информации јавете се на 078/685-401 и обезбедете го вашето место #НаИгрите








