ПРВ.мк
Македонија

НОВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТОВО: 27-годишник се заканувал со остар предмет на сестрата, братот и бабата!

НОВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТОВО: 27-годишник се заканувал со остар предмет на сестрата, братот и бабата!

Семејна расправија во Охрид завршила со полициска интервенција и апсење на 27-годишен охриѓанец, откако наводно им се заканувал на членови од своето семејство со остар предмет.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Охрид на 19 мај го лишиле од слобода Н.Р. (27) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава поднесена од неговата 25-годишна сестра.

Според пријавата, конфликтот настанал поради нерасчистени должничко-доверителски односи, по што младиот човек почнал агресивно да се однесува во домот.

Во текот на расправијата, како што се наведува, тој со остар предмет им се заканувал на сестрата, на својот брат и на нивната баба, предизвикувајќи страв и вознемиреност кај семејството.

По пријавата, полицијата веднаш интервенирала, а осомничениот бил приведен во полициска станица.

Од МВР информираа дека се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде утврдена и понатамошната постапка против приведениот охриѓанец.

Најнови вести