ПРВ.мк
Свет

Орбан: Прво оружје, сега војници свесно не вовлекуваат во војна!

Орбан: Прво оружје, сега војници свесно не вовлекуваат во војна!
Kristal

Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди на зголеменото вклучување на Европа во војната во Украина, нагласувајќи дека главна цел на неговата влада е да ја задржи Унгарија надвор од конфликтот и да го зачува мирот преку стратешка воздржаност и внимателно осмислена надворешна политика, пренесува Анадолу.

Говорејќи на антивоен митинг во Мишколц, Орбан се осврна на историското искуство на Унгарија, потсетувајќи дека земјата била вовлечена во двете светски војни и покрај обидите на тогашните лидери да го избегнат конфликтот.

„Сакавме да останеме надвор, но не можевме. Затоа денес големото прашање е дали можеме да успееме сега. Верувам дека е можно“, напиша Орбан на социјалната мрежа X.

Тој истакна дека спречувањето на вклучувањето на Унгарија во војната е апсолутен приоритет за неговата влада и дека тоа не зависи само од политичка волја, туку од промислени и стратешки одлуки во надворешната политика.

„Потребно е целото мое знаење, целото мое искуство и мојата 35-годишна експертиза во надворешната политика за да се држи оваа земја подалеку од војната“, изјави Орбан, нагласувајќи ја сериозноста на одговорноста што ја носи.

Изјавите на унгарскиот премиер доаѓаат во време на засилен притисок во рамките на Европската Унија за продлабочување на воената поддршка за Украина. Орбан предупреди дека овој процес постепено води кон ескалација.

„Прво беа шлемови, потоа воена опрема, па оружје, а сега се зборува и за испраќање војници. Вака нè влечат во војна“, рече тој, предупредувајќи и на повиците за регрутација низ ЕУ и можноста западни трупи да бидат испратени во Украина.

Наспроти овој тренд, Орбан повтори дека Унгарија нема да испраќа ниту пари, ниту оружје во Украина. Наместо тоа, владата, како што рече, гради меѓународни партнерства со цел да ја зајакне својата позиција и да се спротивстави на притисоците за воено вклучување.

„Ги градиме нашите меѓународни односи на таков начин што Унгарија може да остане надвор од оваа војна“, порача Орбан.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo