ПРВ.мк
Свет

КРВАВ УДАР: Повеќе од 100 војници загинати, над 100 заробени – под оган и базата каде дејствуваат Русите

КРВАВ УДАР: Повеќе од 100 војници загинати, над 100 заробени – под оган и базата каде дејствуваат Русите

Исламистичките милитанти од групата ЏНИМ, поврзана со Ал Каеда, извршиле серија напади врз владините сили во централниот дел на Мали, при што според извори на Ројтерс загинале повеќе од 100 војници.

Најтешкиот напад се случил на 10 септември во Диура. Безбедносен извор навел дека загинале околу 130 војници, а повеќе од 100 биле заробени. Дипломатски извор зборува за околу 120 загинати, додека самата ЏНИМ тврди дека убила 150 војници. Овие бројки не се целосно независно потврдени.

Армијата на Мали потврди дека имала загуби и дека по нападот ги евакуирала своите сили од кампот, по што повеќе од една недела спроведувала контраоперација против позициите на напаѓачите.

Истовремено, под силен притисок се нашол и аеродромот во Севаре, каде се стационирани воени авиони и беспилотни летала. ЏНИМ соопшти дека погодила системи за противвоздушна одбрана, а според локален жител, аеродромот бил гранатиран шест последователни ноќи.

Во борбите на страната на армијата на Мали учествуваат и припадници на рускиот Африкански корпус. Жител кој разговарал со Ројтерс изјавил дека во болницата во Севаре видел околу 40 ранети припадници на малиските сили и руски борци. Сепак, од достапните информации не може да се заклучи дека 120–130 загинати се руски војници — тие бројки се однесуваат на малиските сили.

Во Кона ситуацијата исто така е напната. Двајца локални жители изјавиле дека борци на ЏНИМ на мотоцикли го опколиле тамошниот воен камп, кој се наоѓа на околу 55 километри од Севаре.