ПРВ.мк
Свет

Не му се брзало да си подигне 120 милиони евра – добитникот на „Евроџекпот“ конечно се појави!

Не му се брзало да си подигне 120 милиони евра – добитникот на „Евроџекпот“ конечно се појави!

Речиси две недели по извлекувањето на добитните броеви, среќниот добитник на 120 милиони евра од „Евроџекпот“ конечно се јави во берлинската канцеларија на Лотаријата. Станува збор за маж на возраст меѓу 30 и 60 години, кој се појавил лично, а според службеник на лотаријата, изгледал смирено и без трема, иако станува збор за една од најголемите добивки во историјата на оваа игра.

„Не брзал да ја подигне наградата – сакал веста малку да се ‘свари’“, изјави претставник од Лотаријата.

Мистериозниот добитник не открил што планира да прави со новостекнатото богатство, а според правилата, наградата ќе му биде префрлена на неговата сметка во текот на следната недела, по задолжителната правна и финансиска верификација.

Како дојде до добивката?

  • Уплатил девет облози со вкупна вредност од 19 евра
  • Добитни броеви: 7, 8, 31, 32, 33, со европски броеви 10 и 11
  • Извлекувањето се одржа на 23 септември во Хелсинки

Лотаријата дури размислувала да започне потрага по добитникот, бидејќи не се појавувал, иако имал освоено 120 милиони евра. Сепак, според правилата, добитниците имаат рок од три години да ја подигнат наградата, па формално, не се ни брзал.

Оваа приказна дополнително го засилува митот околу тајанствените добитници на огромни лото добивки – некои плачат од среќа, други исчезнуваат, а некои едноставно си чекаат... смирено.

Escape