Легендарниот хеви-метал бенд „Металика“ преку својата хуманитарна фондација All Within My Hands донираше 100.000 долари за помош на настраданите од силните земјотреси во Венецуела.
Средствата ќе бидат распределени преку организацијата Direct Relief, која обезбедува медицинска опрема, лекови и друга итно потребна помош за погодените подрачја.
Венецуела беше погодена од два силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, кои предизвикаа човечки жртви, голем број повредени и значителна материјална штета.
Од фондацијата на „Металика“ истакнуваат дека донацијата е дел од нивната долгогодишна мисија за помош на заедниците погодени од природни катастрофи и други кризни ситуации ширум светот.









