ПРВ.мк
Свет

Хамнеи со жестока закана до Трамп: „И тој ќе биде соборен, исто како сите деспоти пред него“

Хамнеи со жестока закана до Трамп: „И тој ќе биде соборен, исто како сите деспоти пред него“
Kristal

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, испрати силна и директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп, во момент кога земјата се соочува со масовни протести и сериозна политичка нестабилност.

Во обраќање на државната телевизија, Хамнеи категорично ги отфрли шпекулациите дека би можел да ја напушти земјата или да побара засолниште во Русија, нагласувајќи дека Исламската Република нема да се повлече пред, како што ги нарече, „странските заговори“.

„Иран нема да толерира дејствување во име на странски сили. Секој што им служи на странците ќе биде отфрлен од народот и од исламскиот систем“, порача Хамнеи, додавајќи дека демонстрантите нема да успеат да ја скршат државата.

Посебен дел од говорот беше насочен кон Трамп, за кого Хамнеи рече дека треба „да се фокусира на сопствената земја“. Во продолжение, тој го обвини американскиот претседател дека има „крвави раце“, алудирајќи на, како што рече, загинувањето на над илјада Иранци во таканаречената „12-дневна војна“.

„Сите арогантни владетели во историјата – фараоните, Нимрод, Реза-Шах Пахлави, Мохамед Реза – беа соборени кога беа на врвот на својата моќ. И овој ќе биде соборен“, изјави Хамнеи, со што дополнително ја вжешти реториката меѓу Техеран и Вашингтон.

Во исто време, тој призна дека економските тешкотии во Иран се реални и дека бараат решенија, но остро го осуди насилството, палењето имот и, како што наведе, „организираните немири“ зад кои, според властите, стојат странски центри на моќ. Хамнеи побара безбедносните сили решително да реагираат за да се зачува редот.

Што се однесува до состојбата на терен, Иран се соочува со најмасовните протести во последните години. Демонстрации се одржаа во Техеран, Машхад и низа други градови, а видео-снимки потврдени од BBC Persian покажуваат толпи кои повикуваат на соборување на Хамнеи и враќање на Реза Пахлави, синот на соборениот шах.

Иако дел од протестите поминаа без интервенција на полицијата, подоцна беа воведени сериозни ограничувања на интернетот и мобилните комуникации, што дополнително ја зголеми тензијата. Иран, според аналитичарите, влегува во фаза на длабока политичка неизвесност, со реторика која сè повеќе добива глобални размери.

FixCredit
Escape