ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) МОСКВА ВО БЕЛО:Историски снег, најголеми врнежи во последните 56 години!

(ВИДЕО) МОСКВА ВО БЕЛО:Историски снег, најголеми врнежи во последните 56 години!
Kristal

Москва во петокот беше погодена од екстремни снежни врнежи, кои метеоролозите ги оценуваат како најсилни во последните 56 години. Според рускиот метеоролошки центар Фобос, за само 24 часа паднале 22 милиметри снег, што претставува 42 проценти од месечната норма на врнежи.

Метеорологот Евгениј Тишковец оцени дека таков „снежен Армагедон“ среде зима не се забележал во Москва од 1970-тите години. На главната метеоролошка станица ВДНХ, измерената количина на снег го надмина претходниот рекорд за 9 јануари од 1976 година, кој изнесувал 12,9 милиметри.

Тишковец посочи дека снежната бура значително го парализирала копнениот и воздушниот сообраќај во централна Русија. Снежните врнежи се намалиле преку ноќ, при што до утрото паднале уште два милиметра лесен снег.

Според него, вкупниот дневен пад на снегот е само еден милиметар помалку од изедначувањето на дневниот рекорд за јануари од 1970 година. Оваа снежна бура е еден од ретките екстремни метеоролошки настани што ги нарушија нормалните услови во главниот руски град.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

FixCredit
Escape