ПРВ.мк
Свет

ПРОНАЈДЕНИ 28 ТОНИ ЗЛАТО – Ново откритие привлекува внимание

ПРОНАЈДЕНИ 28 ТОНИ ЗЛАТО – Ново откритие привлекува внимание

Во Русија е откриено ново големо наоѓалиште на злато, а првичните проценки покажуваат дека резервите достигнуваат околу 28 тони, соопштија од руската државна геолошка компанија „Росгеологија“.

Според компанијата, станува збор за наоѓалиштето Фјодоровско-Кедровско, кое се наоѓа на границата меѓу Хакасија и Кемеровската област. Во државниот биланс се евидентирани 21,7 тони злато од категориите C1 и C2, со просечна содржина од 1,56 грама злато по тон руда, додека дополнителни 6,3 тони се водат како вонбилансни резерви.

Главниот геолог на „Росгеологија“, Артур Узјункојан, изјавил дека на околните локации се идентификувани дополнителни перспективни ресурси, што остава простор резервите во иднина уште повеќе да се зголемат.

Од компанијата додаваат дека досега се пресметани резервите за три локалитети – Фјодоровско, Кедровско и Пахомовско, додека на уште четири области се спроведени прелиминарни геолошки истражувања. Подготовката на проектната документација е во завршна фаза, а деталната проценка на овие локации треба да започне во текот на годинава.

Освен злато, наоѓалиштето содржи и околу 17,6 тони сребро, што дополнително ја зголемува неговата економска вредност.

Според информациите објавени од руските медиуми, ова се смета за едно од најзначајните откритија на благородни метали во земјата во последниот период.