ПРВ.мк
Свет

ДРАМА НА НЕБОТО: Авион принудно слета откако на екипажот одеднаш му се слошило!

ДРАМА НА НЕБОТО: Авион принудно слета откако на екипажот одеднаш му се слошило!

Патниците на летот на „Американ ерлајнс“ од Рим кон Филаделфија доживеале неочекувана драма, откако авионот бил принуден да слета во Даблин поради здравствени проблеми кај дел од кабинскиот екипаж.

Според информациите од авиокомпанијата, за време на летот во кабината бил почувствуван необичен мирис, по што неколку членови на екипажот почнале да чувствуваат мачнина и вртоглавица.

Неофицијално, шест од вкупно девет членови на кабинскиот персонал пријавиле здравствени тегоби, што го натерало екипажот да донесе одлука авионот да биде пренасочен и безбедно да слета во ирската престолнина.

По слетувањето во Даблин, авионот бил пречекан од медицински екипи кои им укажале помош на членовите на екипажот, додека патниците биле пренасочени кон други летови за да го продолжат патувањето.

Леталото останало на аеродромот во Даблин, каде ќе биде извршена детална техничка проверка за да се утврди што го предизвикало необичниот мирис и здравствените проблеми кај екипажот.

Од „Американ ерлајнс“ засега не соопштуваат што точно го предизвикало инцидентот, а истрагата за случајот е во тек.