ПРВ.мк
Црна Хроника

ИГНОРИРАЛ ПРЕДУПРЕДУВАЊА? Млад турист се удави во морето кај Будва

ИГНОРИРАЛ ПРЕДУПРЕДУВАЊА? Млад турист се удави во морето кај Будва

Триесетгодишен државјанин на Србија го загуби животот во морето кај плажата Могрен II во Будва, откако влегол во вода и покрај тоа што локацијата претходно била затворена поради силни бранови и неповолни временски услови.

Според информациите од полицијата, пријавата за лице на кое му е потребна помош во морето била примена околу 12:05 часот. На местото веднаш пристигнале полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Поради опасните услови на морето, надлежните претходно ги затвориле плажите Могрен I и Могрен II, а била блокирана и пешачката патека од хотелот „Авала“ кон плажите.

Надлежните институции сè уште утврдуваат како туристот се нашол во морето и покрај поставените предупредувања и забраната за капење.

По наредба на дежурен обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, извршен е увид на местото на настанот, а истрагата продолжува за целосно разјаснување на околностите под кои се случила трагедијата.