ПРВ.мк
Црна Хроника

УХМР ИЗДАДЕ АЛАРМ: Високи водостои, снег и заладување - овие места ќе бидат најпогодени!

УХМР ИЗДАДЕ АЛАРМ: Високи водостои, снег и заладување - овие места ќе бидат најпогодени!
Kristal

Според најновите податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на повеќето реки во Македонија остануваат високи. Најзагрозени се:

  • Река Сатеска – висок водостој, без намалување
  • Река Коселска – благо намалување, но се уште со внимание
  • Река Вардар (горен дел) – водостој во благо намалување, сепак висок
  • Река Треска и река Кичевска – потребно е постојано следење
  • Охридско-Преспански регион – висока влажност и подемни води, можно појавување заезерени површини во Струшкото Поле
  • Река Црна (долен дел) – водостој во намалување, сепак можно појава на заезерени површини во Пелагонија

УХМР предупредува дека за време на вечерните и ноќните часови се очекува заладување со врнежи од снег насекаде. До тогаш, високиот водостој и натаму создава ризик од заезерени површини во котлините и низините. Граѓаните се советуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците.

FixCredit
Escape