ПРВ.мк
Свет

КАТАКЛИЗМА ВО ЛОНДОН: Лавина од кал срамни куќа со земја – мајка и пет деца со посебни потреби за влакно избегнаа сигурна смрт!

КАТАКЛИЗМА ВО ЛОНДОН: Лавина од кал срамни куќа со земја – мајка и пет деца со посебни потреби за влакно избегнаа сигурна смрт!

По обилните дождови во Лондон – престолнината на Англија, огромно количество кал се спушти во дворот на куќата во населбата Ерит, што на крајот доведе до катастрофално покренување на лизгање на земјиштето кое го разори домот на една повеќечлена семејна заедница.

Сузан Марфи (46), мајка на пет деца, била во дневната соба кога слушнала необична татнеж. Следниот момент ѕидот пред неа целосно се срушил навнатре.

– Штом се качив на спрат, го слушзнав тој чуден звук. Влегов во дневната соба и тогаш целиот ѕид се сруши навнатре. Бев престрашена. Само ми мина низ глава: „О Боже, мојата куќа, мојата куќа“ – сведочи Сузан.

Ова било втор пат лизгањето на земјиштето да се обруши врз нејзината куќа. По првиот одрон, Сузан и нејзините пет деца морале да се преселат во привремен смештај. Таа вечер, кога се случил вториот и многу полош одрон, таа само накратко свртила до куќата за да земе резервна маска за кислород за своето болно дете.

– Тек што излеговме од болница по воспаление на белите дробови. На ќерката ѝ пукна маската за дишење, па истрчав до куќата да земам резервна од нејзината соба. Со години гоградев тој дом. Само излетав надвор, не знаев што друго да направам – се сеќава шокираната мајка.

Нивната куќа, која е во сопственост на станбената агенција „Орбит“ (Orbit), се наоѓа во подножјето на падината. Сузан објаснува дека водата како резултат на силните дождови постојано се слевала низ ридот во нејзиниот двор, поради што земјата била целосно натопена пред да се покрене лизгањето. Првиот пат, земјиштето се покренало во октомври 2025 година, а вториот – само неколку месеци подоцна, пишува британски „Мирор“.

„Кој ќе ми ги плати работите?“

– Дрво падна на куќата, а калта почна да удира по ѕидовите, па ги повикав пожарникарите. Дојдоа, но ми рекоа дека не можат многу да направат бидејќи беше целосен мрак и премногу опасно за работа – раскажува таа.

Луѓето од „Орбит“ подоцна дојдоа да ја проценат штетата, а потоа Сузан сред ноќ доби повикот – семејството мора под итно да се исели.

– Има нè шестмина во семејството, а куќата ја напуштивме со само два куфери. Ги молев да ми ги преместат работите за да не мора постојано да се враќам. Прашав што ќе биде ако куќата на крајот се сруши и кој ќе ми ги плати работите. Ми рекоа: „Не грижи се, ние тоа ќе го покриеме“ – објаснува мајката.

Внатре во урнатата куќа остана специјална медицинска опрема што ја користи нејзината 22-годишна ќерка, вклучително и болнички кревет. Покрај тоа, Сузан дури неодамна успеала да ѝ набави нови инвалидски колички, откако долго време била на листата на чекање.

Поради оваа ситуација, мајката и петте деца се селеле дури девет пати од хотели во други привремени смештаи. Ситуацијата дополнително ја влошува фактот што сите пет деца – на возраст од 8, 17, 19, 22 и 24 години – имаат посебни потреби, поради што ваквите селења и губењето на рутината им паѓаат исклучително тешко.

– Премногу е стресно. Еден од синовите има проблеми со менталното здравје и нему сè ова му падна претешко, почна да добива напади. И ќерката повторно почна да добива напади. Постојано нè селат, а јас повеќе не знам ни каде одам. Немаме никаква сигурност – очајна е Сузан.

Уништен Божиќ

Нејзината пријателка Максин Трејси (53), која ѝ помага во комуникацијата со „Орбит“, вели дека семејството сè уште живее опкружено со кеси и кутии додека очајно чека траен смештај.

– Сузан воопшто не знае каде ќе биде за Божиќ. Еве ме сега со неа во тој привремен смештај. Сè им е во кеси и кутии, тоа не е нормален живот – вели Максин.

Неодамна ги контактирал виш социјален работник од „Орбит“, но Максин тврди дека семејството сè уште нема јасен план за иднината. Покрај тоа, тврдат дека агенцијата ѝ понудила на Сузан оштета од едвај 300 фунти, што Максин ја нарекува „апсолутно смешен износ“.

Според нејзината пресметка, семејството за претрпената штета морало да добие помеѓу 8.000 и 10.000 фунти. Откако гледала како ѝ се руши куќата пред очите, Сузан е одлучна никогаш да не се врати во неа, дури и мајсторите да ја реновираат.

За неа и нејзината пријателка, приоритет сега е наоѓање траен кров над главата, но и барање одговори на прашањето како воопшто е дозволено да дојде до ваква катастрофа.

– Зошто некогаш би посакала да се врати на местото каде што преживела таква траума? Ќе бараме да одговараат за ова. Мораат да ја научат лекцијата – децидна е Максин.

Најнови вести