ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ДЕВОЈЧЕ СО ЧУДО ПРЕЖИВЕА ДОЖД ОД КУРШУМИ: Напаѓачот пука од автомобил во движење, луѓето бегаат!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ДЕВОЈЧЕ СО ЧУДО ПРЕЖИВЕА ДОЖД ОД КУРШУМИ: Напаѓачот пука од автомобил во движење, луѓето бегаат!

Напаѓачот – за кого подоцна се испостави дека е 24-годишниот Михал Оксињски – отвора оган во Краков од прозорецот на автомобил во движење и пука во минувачи среде бел ден. Престрашените луѓе бегаат, а исплашеното девојче останува само. Во тој момент куршумите поминуваат покрај него, се крева прашина и тоа со чудо останува неповредено. Сето ова се случува во само 27 секунди, што се гледа на новата вознемирувачка снимка од надзорните камери објавена на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Крвавиот пир во Краков, во кој беа убиени шест луѓе, а повеќе од десет беа ранети, можеше да однесе и многу повеќе животи. Благодарение на херојскиот чин на двајца полицајци, кои успеаја да го совладаат и онеспособат напаѓачот, неговото смртоносно возење низ улиците на Краков беше запрено за само неколку минути.

Најновата снимка, која најпрво беше објавена на Фејсбук-страницата „Dziennik Śledczy“, го бележи самиот момент на нападот и престрашеното девојче кое ја избегнува смртта буквално за милиметар. На видеото се гледа како луѓето во паника бегаат и бараат засолниште, додека детето останува сосема само насред улица. И тоа се обидело да побегне и да се засолни на сигурно, но вратата пред него била заклучена.

Напаѓачот во тој момент пука веднаш покрај него. Снимката јасно покажува како куршумите во два наврати удираат на само неколку сантиметри од девојчето, но тоа, со неверојатна среќа, излегува од оваа стравична ситуација без ниту една гребнатинка, јавува полското „Радио Зет“.

Откако поминала опасноста, луѓето излегле од засолништето, а возрасно лице му пришле на девојчето и го зело. Засега не се познати деталите, пред сè зошто детето останало само.

Го убил семејството, па тргнал во масакр на улица

Да потсетиме, на 7 ноември 24-годишниот монструм влета со автомобил на Главниот плоштад во Краков и отвори оган врз случајни минувачи. На лице место уби шест лица, а рани 15, меѓу кои беа и двајцата полицајци кои го запреа.

Истиот ден, во станот на напаѓачот во Островјец Свјентокшиски, полицијата ги пронајде изрешетаните тела на неговиот татко, мајка и сестра. Помахнитаниот напаѓач им подлегна на повредите во болница в понеделник, на 9 ноември.

ВИДЕО

Најнови вести