ПРВ.мк
Црна Хроника

ЛАЖНАТА ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО ГИМНАЗИЈА: Приведен 18-годишник, полицијата му го одзела телефонот!

ЛАЖНАТА ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО ГИМНАЗИЈА: Приведен 18-годишник, полицијата му го одзела телефонот!

Осумнаесетгодишник од тетовското село Радиовце бил лишен од слобода под сомнение дека испратил лажна дојава за поставена бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициската акција била реализирана на 17 ноември, во периодот од 5:45 до 7:25 часот, кога полициски службеници извршиле претрес во домот на осомничениот и во помошните простории.

Во операцијата учествувале припадници на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, Секторот за компјутерски криминал, како и полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане.

При претресот бил пронајден и одземен мобилен телефон, кој ќе биде предмет на понатамошна постапка. Осумнаесетгодишникот бил задржан во полициска станица за преземање дополнителни службени дејствија.

Тој се сомничи за кривично дело „Лажно пријавување“, предвидено во член 366 од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести