ПРВ.мк
Свет

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СРЦЕТО НА ЕУ: „Ќе ја преплават Европа“ – Подигната тревога поради голема закана!

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СРЦЕТО НА ЕУ: „Ќе ја преплават Европа“ – Подигната тревога поради голема закана!
Kristal

Војници кои се бореле за Русија во Украина би можеле по завршувањето на војната да ја преплават Европа. Ова го истакнува владата на Естонија, пренесува шведскиот весник Expressen.

  • „Во Русија има речиси милион борци. Тоа се навистина опасни луѓе. Според нашите податоци, повеќето од нив по војната ќе дојдат во Европа“, предупреди естонскиот министер за надворешни работи.

Европа загрижена поради руските ветерани Естонија ги смета руските воени ветерани за безбедносна закана.

Естонскиот министер за внатрешни работи, Игор Таро, во јануари во интервју за естонскиот јавен сервис го објасни ставот на својата земја. Тој истакна дека причина за загриженост е војната обука и борбеното искуство на руските војници кои служеле во Украина. Таро додаде дека руските борци често имаат криминално минато и можат да се вратат од војната травматизирани.

  • „Нема сомнение дека овие луѓе имаат непријателски став кон Европа“, рече Таро.

Според него, заканата не е само апстрактна. Естонскиот министер за внатрешни работи предупредува дека руските воени ветерани во Европа можат да извршуваат задачи за руските специјални служби и дека се поврзани со организиран криминал.

Русија регрутира затвореници Руската војска регрутирала војници од руските затвори. Според податоци од украинската разузнавачка служба, бројот на затвореници регрутирани за војна изнесува од 140.000 до 180.000.

Војната веројатно довела до нагло зголемување на криминалот.

Се очекува многу од воените ветерани да имаат проблеми со менталното здравје, особено со посттрауматски стресен пореметување.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape