ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Велешанец фатен по серија кражби – дел од украденото веќе вратено на сопствениците!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Велешанец фатен по серија кражби – дел од украденото веќе вратено на сопствениците!
Kristal

Полициски службеници од СВР Велес на 1 февруари 2026 година, околу 20:50 часот, го лишиле од слобода А.Р. (35) од Велес, осомничен за извршување на повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ на неколку локации во градот.

Според информациите од полицијата, при преземените мерки дел од одземените предмети биле пронајдени и враќени на сопствениците, што ја намалува штетата и го олеснува расчистувањето на случајот.

За настанот е известен јавен обвинител, а полицијата продолжува со дополнителни активности за целосно расчистување и документирање на сите случувања. Откако истрагата ќе заврши, против осомничениот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo