СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П. (35) од Струга и К.Т. (47) од Велес, осомничени за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Полицијата објаснува дека пријавените довеле во заблуда жена од Општина Карбинци, при што со лажно прикажување на факти ги добиле нејзините лични податоци и број на банкарска сметка. На 25 јуни 2025 година тие аплицирале за online кредит во финансиско друштво, а потоа под изговор дека на сметката на жената по грешка се уплатени средства, ја убедиле да ги повлече парите и да ги предаде на второпријавениот.
Случајот е предаден на надлежните органи, а истрагата продолжува за целосно утврдување на околностите и санкционирање на сторителите.

















