Од утре па до 24 февруари, пензионерите од општина Бутел кои примаат минимална пензија и припаѓаат во најранливата категорија, ќе можат да аплицираат за еднократна финансиска помош од 2.000 денари.
Документацијата предвидена со јавниот повик може да се поднесе секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 9 до 15 часот. Право на помош имаат граѓаните кои имаат постојано живеалиште во општината и примаат старосна, семејна или инвалидска пензија, чиј износ не надминува 22.547 денари.
Исплатата ќе се реализира според принципот “прв дојден – прв услужен”, што значи дека оние кои побрзо аплицираат, побрзо ќе ја добијат помошта. Ова е конкретен поттик за најранливите пензионери да обезбедат дополнителна финансиска поддршка.

















