ПРВ.мк
Свет

Имамот Елведин Пезиќ депортиран од Косово: Внимание привлекувал со контроверзни пораки за жените

Имамот Елведин Пезиќ депортиран од Косово: Внимание привлекувал со контроверзни пораки за жените

Исламскиот проповедник Елведин Пезиќ од Босна и Херцеговина е депортиран од Косово, откако претходно бил приведен пред планирана промоција на книга во близина на Пеќ.

Официјалните причини за депортацијата засега не се соопштени. Според косовското законодавство, странски државјанин може да биде депортиран доколку надлежните проценат дека претставува ризик за јавниот ред, државната безбедност или јавното здравје.

Пезиќ е добро познат на социјалните мрежи, каде има голема публика и објавува содржини поврзани со исламот и верскиот начин на живот.

Неговото име во јавноста се поврзува и со контроверзни ставови за положбата и однесувањето на жените. Истражувачкиот медиум „Детектор“ претходно анализирал јавни обраќања на селефиски проповедници, меѓу кои и содржини поврзани со Пезиќ, во кои се дискутира за физичко казнување на жената и ограничување на нејзиното движење.

Пезиќ претходно престојувал и во Македонија. Во август минатата година одржал молитва во струшкото село Октиси, а имал и јавен настан во Струга.

Неговата депортација од Косово повторно предизвика внимание во регионот, додека конкретното образложение на косовските власти за одлуката засега не е објавено.

Видео: