ПРВ.мк
Македонија

Акција на полицијата: Двајца фатени додека предизвикувале пожари на отворено

Акција на полицијата: Двајца фатени додека предизвикувале пожари на отворено

Две лица биле приведени откако полицијата ги затекнала при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп, информира Министерството за внатрешни работи.

Првиот случај бил регистриран на 13 август околу 23:10 часот, на место викано „Падарица“ во Прилеп. Полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Ч. од Прилеп, откако бил затекнат како предизвикува пожар на отворено.

При постапувањето, полицијата кај него пронашла и запалка.

Вториот случај се случил следниот ден, на 14 август околу 21:15 часот, на улицата „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола.

Таму полициски службеници од СВР Битола го привеле Е.К. (39) од Битола, кој исто така бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор.

Од МВР информираат дека двата случаи се документираат, а по завршувањето на постапката против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.