Четири лица биле приведени во Скопје по пријава дека насилно ѝ дале марихуана на малолетничка на подрачјето на Шуто Оризари, по што случајот прераснал и во физичка пресметка.
Според информациите од МВР, на 14 август околу 22:50 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Л.М. (23), Е.А. (20), А.М. (19) и Н.Т. (18), постапувајќи по претходно добиена пријава, објави Скопје1.мк.
Како што било пријавено, малолетничката во својот семеен дом раскажала што се случило, по што дошло до нарушување на јавниот ред и мир.
Следувала физичка пресметка меѓу четворицата приведени, од една страна, и А.Ф. (42), З.Р. (38), А.Н. (23) и А.Р. (19), сите од Скопје, од друга страна.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.







