Несекојдневна сцена ги шокирала гостите во познат луксузен ресторан на Беверли Хилс, откако две жени среде вечера започнале жестока физичка пресметка.
Инцидентот се случил во ресторанот „Steak 48“, а снимката од тепачката за кратко време се проширила на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како двете елегантно облечени жени разменуваат удари и клоци, се влечат за коса, а во еден момент завршуваат и на подот меѓу масите. Причината за конфликтот засега не е позната.
Вработените во ресторанот веднаш се обиделе да интервенираат и по извесно време успеале да ги разделат.
Според TMZ, драмата не завршила тука. Една од жените била замолена да го напушти ресторанот, но наводно одбила да си замине.
Останатите гости од своите маси ја набљудувале необичната сцена, додека луксузниот ресторан за момент наликувал на боксерски ринг.
Засега нема информации дали некоја од учесничките била приведена или дали против нив ќе бидат поднесени пријави.
Видео:








