Шумскиот пожар во округот Аксу во Анталија, Турција, е ставен под контрола, но поради претпазливост синоќа биле евакуирани гости од неколку хотели.
Пожарот избувнал околу 21 часот, а засега причинителот не е официјално утврден, јавува TRT Haberler. Поради силниот ветер, огнот брзо се проширил и зафатил голема територија, поради што противпожарни екипи веднаш биле испратени на терен.
Гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин, истакна дека веројатно пожарот започнал кога земјоделци изгореле отпад близу шумата. Тој додаде дека пожарот се случил на атрактивна туристичка локација — на границата помеѓу Аксу и Серик, спроти хотели и голф терени. Гувернерот апелираше до граѓаните да бидат внимателни во периоди на силни ветрови.
Видео: