Денес, на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, првиот вицепремиер Изет Меџити, заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, ја претставија новата фаза на порталот за јавни услуги – платформа која има за цел да стави крај на бирократијата и да ги приближи граѓаните до администрацијата преку технологија.
Новата платформа овозможува лесен и брз пристап до стотици јавни услуги онлајн, 24/7, на македонски, албански и англиски јазик. Со само неколку клика од компјутер или телефон, граѓаните и компаниите можат да аплицираат, плаќаат и да ги завршат потребните услуги без да одат на шалтер.
Порталот опфаќа широк спектар услуги:
- За граѓаните: изводи, уверенија, лични карти, патни исправи, услуги од катастар и други.
- За бизнисите: лиценци, уверенија за работен стаж и вработување, судски уверенија и услуги од Агенцијата за храна.
- За студентите: апликации за ваучери за електронски уреди со следење на статусот на апликацијата во реално време.
Меџити нагласува дека оваа платформа е дел од визијата за модерен и ефикасен државен систем и најави дека наскоро и општина Чаир ќе ги дигитализира сите свои услуги, поставувајќи нови стандарди за општините.
„Ги повикувам сите граѓани, компании и студентите да се регистрираат на порталот и да го направат дел од нивната секојдневие, бидејќи секоја административна услуга ќе ја добијат полесно, побрзо и попрозрачно“, вели Меџити.
Новиот портал за јавни услуги е конкретен чекор кон модернизација на администрацијата и интеграција во европските стандарди за достава на услуги до граѓаните.