ПРВ.мк
Култура

Силјановска Давкова: ИФФК „Браќа Манаки“ е светски културен симбол на Битола и Македонија

Силјановска Давкова: ИФФК „Браќа Манаки“ е светски културен симбол на Битола и Македонија

Претседателката Гордана Силјановска Давкова го прогласи за отворен 41. меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, истакнувајќи дека фестивалот е еден од највредните и најпрепознатливите културни симболи на градот, но и на Македонија и светот.

-Годинава фестивалот се одржува под мотото „Сон на платно“, кое го отсликува значењето на филмската уметност и улогата на снимачот како креатор, визуелизатор на идејата и градител на емоции и атмосфера, нагласи Силјановска Давкова.

Според традицијата, ИФФК „Браќа Манаки“ додели Златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, а годинава лауреат е турскиот режисер Сами Капланоглу. Тој ја истакна честта да ја прими наградата во Битола, градот на пионерите на филмот, и ја опиша филмската уметност како јазик на светлината, сенките, тишината, гласот и сеќавањето.

Градоначалникот Тони Коњановски ја врачи наградата на Капланоглу и истакна дека фестивалот претставува симбол на идентитетот на Битола, прозорец кон светот и доказ дека локалните приказни имаат глобално значење.

Во рамки на свеченото отворање, Друштвото на филмските работници на Македонија додели медал „Браќа Манаки“ на Благоја Куновски Доре за неговиот долгогодишен придонес кон фестивалот, додека публиката ја следеше македонската премиера на филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска.

Escape