Јадењето доцна навечер може значително да влијае на согорувањето калории, чувството на глад и складирањето на масти, открива ново истражување.
Научниците веќе знаеле дека времето на последниот оброк влијае на телесната тежина, но новите податоци објаснуваат зошто тоа се случува.
Во студијата учествувале 16 лица со индекс на телесна маса во опсег на дебелина. Тие биле подложени на два шестдневни теста со строго контролирани оброци и распоред на спиење.
Првиот распоред: појадок во 9 часот, ручек во 13 часот и вечера во 18 часот. Вториот распоред: појадок во 13 часот, ручек во 18 часот и вечера во 21 часот.
Крвните анализи покажале дека кај групата што јадела подоцна, нивото на лептин, хормонот кој сигнализира ситост, било пониско. Тоа значи дека биле погладни, согорувале помалку калории и имале поголема веројатност да внесат повеќе храна.
Дополнително, истражувањето од Бригам и Женската болница во Бостон покажало дека јадењето навечер ја зголемува адипогенезата (складирање масти) и ја намалува липолизата (разградба на масти).
Во комбинација, овие ефекти ја зголемуваат шансата за дебелина, а со тоа и ризикот од дијабетес и рак.
- „Овие наоди покажуваат механизми со кои доцното јадење доведува до позитивен енергетски биланс и зголемен ризик од дебелина“, велат авторите, објавено во списанието „Cell Metabolism“.