Развојот на персонализирана mRNA вакцина против рак би можел да го промени светот на медицината, а Србија е меѓу земјите кои би можеле први да имаат корист од овој третман. Вакцината, наместо да спречува појава на рак, ќе го активира имунолошкиот систем на пациентот да се бори со болеста.
Д-р Сергеј Бољевиќ од Универзитетот Сеченовск во Москва објаснува дека туморот се крие од организмот „како под чадор“, а вакцината ја трга таа заштита и му овозможува на имунитетот да ги уништи клетките на ракот.
Клучниот момент е дека оваа вакцина е персонализирана за секој пациент, благодарение на вештачка интелигенција која за два часа обработува милијарди комбинации и ги открива мутациите. Така се создава уникатна вакцина што ја таргетира токму болеста на конкретниот човек.
Првично ќе се користи за лекување на меланом и рак на кожа, а потоа и за рак на белите дробови, дојка, бубрези и панкреас. Првите клинички испитувања кај луѓе се планирани за септември следната година, а во Русија, откако ќе биде одобрена, вакцината ќе биде достапна бесплатно преку здравствениот систем.
За Србија ова значи многу – постои можност земјата да учествува во тестирањето, но и самата да произведува вакцина во иднина. Бољевиќ најави дека се планира вклучување на Србија, Црна Гора и Република Српска во процесот, а по примерот на производството на Спутник V, шансите за домашна изработка се реални.
Ова би можело да значи не само пристап до најсовремен третман за пациентите, туку и потенцијално бесплатна вакцина за граѓаните во иднина.
Се работи за чекор што, доколку се покаже успешен, навистина може да ја отвори новата ера на борбата против ракот.